ШУМ Магазин за сите љубители на спортските авантури

Магазинот ШУМ е публикација каде што содржината ќе е на прво место. Овој магазин е наменет за сите кои се, или планираат да се занимаваат со спортски авантури. Ќе понудиме свежи непристрасни содржини што веруваме ќе влијаат за подигнување на културата на живеење во Македонија.
Нашите читатели ќе имаат корист од објавените содржини, ќе бидат мотивирани и информирани. Се стремиме да се потикне длабоко разбирање за спортот како дел од секојдневието, нашата цел е да споделуваме знаење и искуства од најдобрите.

Бесплатно електронско интерактивно списание за сите љубители на спортот

Нашиот и ваш, прв електронски магазин за спортски активности на отворено. Ние ги оживуваме радоста, стравот, бегството и заедницата во социјален и мобилен свет. Ние и вие сме извршители, водачи и што е најважно, раскажувачи.

  • Трчање
  • Планинарење
  • Велосипедизам
  • Алпинизам
  • Скијање
  • Турно-скијање
  • Опрема
  • Исхрана
  • Вести
  • Настани
  • Случувања
  • Авантуристички спортови

Погледнете го магазинот

Нашите приказни за спортските активности се со автентичен глас. Во блиска соработка со нашиот уреднички кадар, напишани и документирани со страст од атлети и од професионалци во своето поле. Денес светот е нашето игралиште!

Велосипедизам

Најдете новости за планински и друмски велосипедизам, настани и приказни од регионот. Од прегледи на опрема и велосипедски тури до нови патеки и интервјуа со професионалци.

Зимски спортови

Cкијачи и ски-бордери од секаков вид, од слободен стил до професионално скијање, овде можете да ги најдете сите насоки, ресорти комплекси и прегледи на опрема за да ја уживате во зимата.

Трчање

Без разлика дали сакате да трчате само километар или цела четириесетка, ние сме вашиот одличен избор за информации, опрема и за насоки како да ги достигнете вашите посакувани цели. Изберете ја вашата следна трка, учете од нашите елитни тркачи и рекреативци или поставете нова цел без разлика на вашата подготвеност.

Алпинизам и спортско качување

Вести за од областа на алпинизмот и спортското качување (болдер), настани и инструкции за спортот. Дознајте за локалитетите и за насоките во Македонија и во регионот. Новости и опрема за качувачката култура и животен стил.

Планинарење

Од еднодневни до многудневни тури и обележани патеки во високите планини. Ние ги имаме сите насоки, сугестии, локации и ГПС-координати за да ја остварите вашата следна авантура. Тука ќе ги најдете најдобрите информации за да го истражите регионот.

Стани од каучот!

Веруваме во тебе, верувај и ти во самиот тебе!


Ние правиме мултимедијално известување!

Нашите приказни се статии, фотографии и видеа, се заедно, на интернет, на вашиот компјутерски или мобилен уред.

Приклучи се на авантурата!

Ако имате одличен производ или бренд и би сакале да се поврзете со нас, Ве молиме контактирајте нè директно.

Партнери кои соработуваат со нас

Доколку имате одличен производ или бренд и би сакале да се поврзете со нас, ве молам да не контактирате.